НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ОТВОРИ СЛУЧАЈ ЗА ГАРАЖАТА ШТО КАРПОШ ЌЕ ЈА УРИВА ЗА ДА МУ НАПРАВИ ПАТ НА ЕКСМИНИСТЕРОТ СПИРО РИСТОВСКИ

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ОТВОРИ СЛУЧАЈ ЗА ГАРАЖАТА ШТО КАРПОШ ЌЕ ЈА УРИВА ЗА ДА МУ НАПРАВИ ПАТ НА ЕКСМИНИСТЕРОТ СПИРО РИСТОВСКИОмбудсманот најавува детална истрага на случајот за гаражата на улица Букурешка во Тафталиџе, која Општина Карпош ќе ја урива за да направи пристапен пат до парцела каде што како сопственик се појавува и поранешниот министер за образование Спиро Ристовски (Фото: СДК.МК)

Народниот правобранител ќе отвори случај за гаражата на улица Букурешка во Тафталиџе, која Општина Карпош ќе ја урива за да направи пристапен пат до парцела каде што како сопственик се појавува и поранешниот министер за образование Спиро Ристовски. Од канцеларијата на правобранителот најавуваат детална истрага.

„Случајот со гаражата на улица Букурешка ќе го разгледаме од сите можни аспекти. Претставката од сопствениците е поднесена вчера, а веќе денес е оформен предмет“, најавија од канцеларијата на Народниот правобранител.

Семејството Петковски, сопственици на куќата и на земјиштето под куќата и под гаражата, поднеле барање за легализација на гаражата уште во 2011 година. Барањето им е одбиено годинава и истиот ден Општината повела постапка за експропријација, со цел да се направи поширок пристап за соседите. Семејството ја обжалило одлуката да се одбие барањето за легализација, но Министерстовото за транспорт и врски ја отфрлило нивната жалба. Во меѓувреме е сопрена постапката за експропријација, но Општината и покрај тоа најавува уривање на гаражата.

„Поведовме и постапка пред Управниот суд и очекуваме времена мерка, оти веќе имаме решение за отстранување на објектот од Општина Карпош од петти овој месец. Постапката за експропријација е сопрена, всушност не ни почна, оти ги известивме дека имаме барање за легализација на објектот. Освен тоа, за да се направи експропријација на земјиште треба да има јавен интерес, а во овој случај Општината нам ќе ни одземе од имотот за да им го даде на соседите“, вели сопственичката Нина Петковска.

Жителите на Тафталиџе ваквите постапки на Општина Карпош ги оценија како последен акт на самоволие и изживување врз граѓаните во интерес на урбаната мафија. Тие за следната недела најавуваат нов протест за симболично гушкање на гаражата на семејството Петковски, на принципот на кој беше гушкањето на ГТЦ.

 

 

 

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира