БИТОЛСКИТЕ ДЕМОНСТРАНТИ ТРГНАА КОН ДОМОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

    БИТОЛСКИТЕ ДЕМОНСТРАНТИ ТРГНАА КОН ДОМОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

    Граѓаните што изминативе денови протестираа против аболицијата на претседателот Иванов и кои бараа оставка на градоначалникот Владимир Талевски вечерва од Офицерскиот дом тргнаа кон зградата каде што живее градоначалникот, јавубаат репортерите на СДК.МК. Тие во моментов се движат од центарот на градот кон Нова Битола, каде што живее Талевски.

    Тие пред тоа гласаа да се избркаат новинарите и камерманите од пред Офицерскиот дом, каде што одржуваа Пленум.

    На другиот крај од Широк Сокак, кај плоштадот Магнолија вечерва се собраа приврзаниците на власта од граѓанското здружение ГДОМ кои застанаа во одбрана на градоначалникот Владимир Талевски. Тие се упатија кон седиштето на СДСМ. Беше речено дека тие протестираат против „деструктивните сценарија спроведувани од опозицијата, рушењето на волјата на народот и одбрана на државата и институциите“.

    ГДОМ го откажа собирот во Скопје, со објаснување дека нивната цел е постигната – решението за изборите за 5 јуни е потпишано.

    Во Битола се протестира веќе втора недела. Синоќа дојде до инцидент во кој пред општинската зграда беа полесно повредени десетина демонстранти и четворица полицајци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари