Владата усвои барање со кое што се бара декласификација на сите договори со странските инвеститори во слободните економски зони склучени како државна тајна на синоќешната седница, соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста.
По спроведувањето на процесот на декласификација ќе бидат целосно и транспарентно достапни на јавноста, договите ќе бидат целосно и транспарентно достапни на јавноста, најавија од Владата.
„Владата на Република Македонија смета дека е од особен јавен интерес да биде јавна информацијата што е точно договарано со странските инвеститори и поранешната Влада при потпишување на договорите за влез на компaниите во економските зони. Затоа, Владата усвои барање со кое се бара декласификација на сите договори склучени како државна тајна, кои што по спроведувањето на процесот на декласификација ќе бидат целосно и транспарентно достапни на јавноста“, се вели во соопштението.