МВР вечерва во 21.30 часот ги доби налозите од Апелациониот суд за спроведување на ексначалникот на Петта управа во МВР Горан Грујовски и Никола Бошковски, вработен во УБК, во притвор во затворот во Шутка.
Од она што САКАМДАКАЖАМ.МК го дознава од полицијата е дека полицајците веќе се со комбињата пред нивните домови и во случај вечерва да бидат пронајдени, веднаш двајцата ќе бидат спроведени во затворот и тие ќе преноќат во Шутка.
Неофицијално, полицијата e околу нивните живеалишта уште од објавувањето на веста за одлуката Врховниот суд, кој што ја потврди мерката притвор за двајцата, но додека не бидат најдени и однесени во истражниот затвор, од МВР велат дека информации дали се на нивните адреси или не, нема да бидат давани во јавноста.
С. К. ДЕЛЕВСКА