НА 6 АВГУСТ ЏАФЕРИ ЌЕ ГИ РАСПИШЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ЗА ДА СЕ ОДРЖАТ НА 15 ОКТОМВРИ

    НА 6 АВГУСТ ЏАФЕРИ ЌЕ ГИ РАСПИШЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ЗА ДА СЕ ОДРЖАТ НА 15 ОКТОМВРИСобранискиот спикер Талат Џафери ќе распише локалните избори 70 дена пред нивното одржување.

    Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека ќе ги распише локални избори на 6 август за да се одржат на 15 октомври.

    „Ако се тече според динамиката, очекувам локалните избори да ги распишам на шести август, што значи, би се одржале на 15 октомври. Јас имам уставна и законска обврска изборите да ги распишам во рок од 90 дена пред нивното одржување, во случајов за локалните, 70 дена претходно и јас тоа ќе го направам“, рече Џафери на денешниот отчет по повод 100-те дена од неговото стапување на функцијата преседател на Собранието.

    На денешен ден пред три месеци, рече тој, бев избран за претседател и за разлика од 27 април, кога беше изборот, можам да констатирам дека Собранието работи во драстично попозитивни услови за работа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира