Хаос владее во областа на заштита на авторското и на сродните права во земјава, откако Законот од 2010 година, кој беше целосно во корелација со европското законодавство, од Министерството за култура паушално се менувал во 2013, 2015 и во 2016 Ова е една од констатациите на новиот кабинет на ова министерство која беше споделена на првата јавна дебата на оваа тема, на која министерот Роберт Алаѓозовски најави нов предлог-закон чиј текст ќе се понуди на јавноста во септември.
„Имаме големи забелешки од Европската комисија за оваа област, забeлешки од самиот Прибе, така што хаосот во оваа сфера мора да го решiме, па заштитата на автоrските права е во планот 3-6-9 на Владата. Ќе го подобриме статусот на авторите, на вреднувањето na нивниот труд, ќе ја вратиме цената на уметничката работа“, вели Алаѓозовски и додава дека со средувањата во оваа област ќе придонесе за евроинтеграцијата на земјата.
Тој додава оти новиот закон и новата стратегија ќе бидат во насока на заштита на домашното творештво, на вреднување на објективен квалитет во авторството свртено кон европските вредности, а не за заштита на клиентелистички или парцијални интереси.
Во извештајот на министерот за култура се вели оти измените што се направени на Законот од 2010 не кореспондираат со европската регулатива. Одредбите кои се воведени се неприменливи, па наместо напредок предизвикаа хаос и неможност за функционален систем во колективното остварување на авторските и сродните права.
Во забелешките на ЕК пак, се укажува на недоволната свест за значањето на правата на интелектуалната сопственост, на тоа дека системот за колективно управување е недоволно развиен. Задолжителниот електронски систем за евиденција, европската регулатива не го познава, како и принциот „цена по минута“.
Има забелешки и на голем број рокови кои се поминати, а на кои претходната министерка за култура не реагирала, како што е она дека не донеле решение која од двете организации, ЗАМП или СОКОМ МАП ќе биде овластена за колективно управување.