ВО НОРВЕШКА НИТУ ЕДНА ПЛАТА НЕ Е ТАЈНА

    ВО НОРВЕШКА НИТУ ЕДНА ПЛАТА НЕ Е ТАЈНАДо 2001 година, платите на сите Норвежани биле запишани во книга, достапна во националната библиотека. Сега, истите информации се уште полесно достапни онлајн.

    Уште од далечната 1814 година во Норвешка платите се објавуваа во книга. Списоци на сите плати, средствата и платените даноци, можеа да се најдат на една од полиците на националната библиотека. Овие денови, сите информации се онлајн, достапни со само неколку клика.

    Промената се случи во 2001 година и веднаш стана популарна.

    „За многумина тоа стана едноставна забава“, вели Том Стави, поранешен економски уредник на националниот дневен весник ВГ.

    „Стигна дотаму, што секој можеше автоматски да најде колку заработиле неговите пријатели од Фејсбук, само преку логирање на социјалната мрежа. Стануваше дури смешно.“

    Отчетноста е важна, вели Стави, делумно поради тоа што Норвежаните плаќаат високи суми за даноци – со просек од 40.2%, според Еуростат, додека просечниот данок на ЕУ е само 30.1%.

    „Кога плаќаш толку многу, мора да се увериш дека сите други го прават истото и дека парите одат кон нешто разумно“, вели тој.

    „Треба да имаме доверба во нашиот даночен систем како и во општествениот безбедносен систем.“

    Платите во многу сектори се одредуваат преку синдикални договори, а разликите меѓу нив се релативно мали. Мала е и разликата помеѓу платите од родов аспект. Светскиот економски форум ја рангира Норвешка на третото место од 144 земји за еднаквоста на платите.

    Меѓутоа, иако бројките на Фејсбук не биле толку изненадувачки, Том Стави и други лобирале за мерки на приватност. Сега луѓето мора да се логираат со личен идентификациски број за да имаат пристап до веб страницата за даноци.

    „Од 2014 година може да дознаете кој претражувал информации за вас. Имаше намалување за 90 отсто во претрагите. Мислам дека тоа го сузби воајерскиот менталитет“, кажа Стави.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира