Бугарскиот премиер Бојко Борисов одговори дека е подобро заеднички да ги славиме празниците, отколку да се тепаме, бидејќи тоа сме го правеле во минатото и резултатот е осиромашен и заостанат Балкан на новинарско прашање зошто Македонија и Бугарија да го слават заедно Илинден, кога не се иста држава.
„Зошто да не го празнуваме заедно, да се степаме тогаш ако сакате. Многу пати сме се тепале и сите сме големи. Голема Бугарија, Голема Албанија, Голема Србија, Голема Македонија. Со војните направивме Балканот да е најбедното и најзаостанато место на Европа. Ние со колегата сакаме да одиме напред и да го стигнеме рамништетото на Германија, Австрија, Холандија, Франција… Тој празник и ние го почитуваме, извините што го празнуваме“, рече Борисов на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев во Владата.
Борисов, кој е во дводневна посета на Македонија, со Заев денеска го потпишаа Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.