Владата вечерва го усвои предлогот за измени на Законот за минимална плата со кои таа ќе биде утврдена на 12.000 денари и веќе утре предлогот ќе влезе во процедура во Собрание, објави министерката за труд и социјала Мила Царовска на социјалните мрежи.
„Честитки до работниците, вечерва Владата усвои предлог за измени на Законот за минимална плата – од утре процедура во Собрание. 12000 МКД“, напиша Царовска на Твитер и Фејсбук.
Според најавата, на дневниот ред на денешната владина седница ќе се најдат и користењето и имплементација на фондовите од ЕУ и повеќе предлози за кадровски решенија.