ДАЦ НОВ ДИРЕКТОР НА МНТ, ПРОЈКОВСКИ СИ ДАДЕ ОСТАВКА

    ДАЦ НОВ ДИРЕКТОР НА МНТ, ПРОЈКОВСКИ СИ ДАДЕ ОСТАВКААктерот Драган Спасов Дац во претставата „Тартиф“.

    Дејан Пројковски од денеска не е директор на Македонскиот народен театар (МНТ). На негово место за в.д директор е назначен актерот Драган Спасов – Дац. Досегашниот директор Пројковски, не е разрешен, туку самиот си поднел оставка.

    „Дејан Пројковски до министерот Роберт Алаѓозовски поднесе писмена оставка. Во писмото не беа наведени причините поради кои се повлекува од директорското место на МНТ. На негово место за вршител на должност е именуван актерот Драган Спасовски-Дац”, ни изјавија од Министерството за култура.

    Од Пројковски не успеавме да добиеме изјава зoшто си заминува од функцијата директор на МНТ, која ја извршува од 2015 година кога го замени Дејан Лилиќ, во чиј мандат пак, беше уметнички директор.
    Тој, во телефонски разговор само кусо ни рече: „Извинете, не можам да разговарам, во моментов сум на проба за перформансот кој го подготвуваме за гала вечерта на Суперкупот на УЕФА”.

    Примопредавањето на функцијата директор на Македонскиот народен театар била извршена денеска.
    Наследникот на Пројковски, Драган Спасов – Дац ни потврди дека од денеска и официјално е в.д. директор.
    „Денеска ја преземав фунцијата и во моментов не можам ништо да ви кажам за понатамошните планови. Сепак, станува збор за огромна институција, морам да видам како стојат работите и во наредниот период за сите проекти на МНТ ќе ве информираме”, ни изјави Спасов.

    Спасов-Дац, во МНТ дојде лани откако, без јавно образложение по долги години кариера го напушти Драмски театар и се префрли во МНТ. Лани ја имаше и првата улога, насловната во „Тартиф“ во режија на Галин Стоев. Пројковски, пак, јавноста го викаше државен режисер, веројатно зашто тој на почеток на мандатот на поранешната власт имаше само по повеќе театарски режии годишно. Потоа ги разретчи, ама беа стратегиски распределени поставувајќи дела од капиталната светска литература кои му креираа завидна биографија, за кратко време.

    Со неговата „Вечна куќа“, по текст на Плевнеш во 2013 годинасе отвори зградата на МНТ, со неговата копродукција на „Ромео и Јулија“ со театарот „Комесаржескаја“ од Ст. Петeрсбург се отвори Охридко лето во 2012 година, една година пред тоа ги режираше 50. Струшки вечери на поезијата, ја режираше свеченоста по повод 20 години од осамостојувањето на Македонија, во 2011 година, ги режираше, ако така може да се каже, свечените пречеци и прославите на Плоштадот на спортските репрезентации по успесите на европските првенства.

    Пројковски, пак, јавноста го викаше државен режисер, веројатно зашто тој на почеток на мандатот на поранешната власт имаше само по повеќе театарски режии годишно. Потоа ги разретчи, ама беа стратегиски распределени поставувајќи дела од капиталната светска литература кои му креираа завидна биографија, за кратко време.

    Пројковски ја режираше и првата опера по пауза од над десет години од македонски композитор, (Стојан Стојков)„Змејовата невеста“ во МОБ, беше првиот режисер на мјузиклот за Тоше,„Тајно моја“, а потоа од непознати причини му го отстапи местото на уметничкиот директор на МНТ, Тони Михајловски. Тогаш, генерален директор на МОБ беше басот Игор Дурловски, а од ансамблите имаше реакции дека националната оперско-балетска куќа паѓа на ниво на риалити шоу, со аудиции за учесниците кои се емитуваа на ТВ. Со Дурловски, Пројковски соработуваше и две години порано, кога во МНТ го подготвија проектот „Песни од срцата“, кога со Македонската филхармонија подготвија проект на љубовни песни од македонската музичка традиција.
    За својот директорски мандат Пројковски имаше повеќе режии во странство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира