Реал Мадрид слета во Скопје во 13.30 часот, а Манчестер Јунајтед 40-тина минути подоцна, по што двата тима со автобуси директно од пистата се упатија кон хотелите во кои што ќе престојуваат.
Тренерот на Јунајтед Жозе Мурињо прв ќе има прес-конференција во прес-центарот на стадионот „Филип Втори“ во 16.45 часот, а неговиот колега од Реал Зинедин Зидан ќе се сретне со новинарите во 18.45 часот.
За двата тима, утрешниот Суперкуп на УЕФА е можност да ја почнат новата сезона со титула. Реал Мадрид победи во Суперкупот и лани, а Јунајтед единствениот триумф го има во 1992 година.