РЕАЛ И МАНЧЕСТЕР ЌЕ ИМААТ ДВЕ ПАУЗИ ЗА ВОДА ПОРАДИ ЖЕШТИНИТЕ

    РЕАЛ И МАНЧЕСТЕР ЌЕ ИМААТ ДВЕ ПАУЗИ ЗА ВОДА ПОРАДИ ЖЕШТИНИТЕНапаѓачот на Реал Мадрид Карим Бензема во авион на пат за Скопје. (Фото: Инстаграм)

    На утрешниот Суперкуп на УЕФА, на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид ќе им бидат дозволени паузи за вода поради жештините во Скопје. Температурата се очекува да биде околу 32 степени целзиусови, кога во 20.45 часот на стадионот „Филип Втори“ ќе почне натпреварот и УЕФА дозволи паузи во 30. и во 75. минута од мечот, ако не се намали температурата.

    Јунајтед и Реал имаа слични паузи за вода, кога двата тима се сретнаа во Калифорнија минатиот месец на подготвителен меч за новата сезона.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира