ИЛИЈА ДИМОВСКИ НЕ КАЖУВА ЗА КОГО НАРАЧУВА ПРИТВОР КАЈ ЗВРЛЕВСКИ ВО ЕДНА ОД ОБЈАВЕНИТЕ БОМБИ

    ИЛИЈА ДИМОВСКИ НЕ КАЖУВА ЗА КОГО НАРАЧУВА ПРИТВОР КАЈ ЗВРЛЕВСКИ ВО ЕДНА ОД ОБЈАВЕНИТЕ БОМБИПратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на денешната прес-конференција во Собранието за вчерашната одлука на Апелациониот суд за прифаќање на прислушуваните разговори како доказен материјал. (Фото: СДК.МК)

    Илија Димовски, еден од координаторите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека одлуката на Апелациониот суд Скопје бомбите да важат како доказ се коси со Кривичниот законик и тоа, според него, ќе се докаже во судска постапка.

    Не ја одолговлекува ВМРО-ДПМНЕ седницата за разрешувањето на обвинителот Марко Зврлевски, одговори на новинарско прашање Димовски, но не одговори на прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК за кого нарачува притвор во една од бомбите во разговор со тогашната министерка Гордана Јанкулоска, со која се договараат дека некое лице треба да добие притвор и тоа да му го кажат на Зврлевски.

    На наше инсистирање да одговори за кого беше нарачката за притвор, бидејќи тоа може да биде секој од нас, Димовски рече само:
    „Ај, ај, сите знаеме зошто беа објавени тие бомби. Тие беа за редефинирање на Македонија, тоа им е јасно и на најголемите поддржувачи на СДСМ“.

    Денеска, пред паузата што ја побара Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ, таа призна дека пратениците од оваа партија ја развлекуваат седницата за разрешувањето на Зврлевски:
    „Прашувате зошто се одолговлекува разрешавањето на Зврлевски. Е па ќе ви кажам. Разрешувањето се одолговлекува токму заради ваквиот однос. И заради ваквите говори. И порано се заканувавте со СЈО. Немојте така, ќе ви препорачам. Животот е круг“, кажа Рангелова.

    Извадок од прислушуваниот разговор меѓу Илија Димовски и Гордана Јанкулоска:

    ИД: И сеа јас сакам сеа да им закачиме притвор, да ти кажам право…
    ГЈ: А пуштена е пријавата, предадена е?
    ИД: Значи има материјали, работи и Пере, тој криви…
    ГЈ: Важи бе нека каже…ако му треба на него помош, да притиснеме…
    ИД: Со кого да… да зборам ја со Зврлевски?
    ГЈ: Со него ти збори, он нека си ја поднесе пријавата па после ако треба кај Марко ќе ургираме…

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира