На само неколку километри од Струга, на местото каде што се влева реката Сатеска во Охридско Езеро, најпрвин се појавија два острова, а сега на нив никна шума. Има дрва, жбунови и ниска трева, но и многу ѓубре што никој не го чисти.
До овие острови лесно се стигнува, бидејќи од брегот до нив водата е плитка и затоа не е чудно што понекогаш туристи тука и кампуваат.
Сатеска овде се влева во Езерото од пред околу четири децении, кога нејзиниот тек беше пренасочен. Дотогаш таа се влеваше во Црн Дрим во близина на струшкото село Враништа. Неколку години екологистите и стручната јавност бараат оваа река повоторно да се пренасочи кон Дрим, но засега се остана само на иницијативи.
Деновиве, Сатеска е матна и во Охридското Езеро внесува големи количини ѓубре и отпаден материјал.
Д. ЧУБРИЌ