СТИВ БАНОН, ГЛАВНИОТ СТРАТЕГ НА ТРАМП, ДАДЕ ОСТАВКА

    СТИВ БАНОН, ГЛАВНИОТ СТРАТЕГ НА ТРАМП, ДАДЕ ОСТАВКАТрамп денеска ја прифати оставката на Банон, завршувајќи турбулентни седум месеци за неговиот главен стратег (Фото: АП)

    Стив Банон, моќниот стратешки советник на претседателот Доналд Трамп, заминува. Трамп денеска ја прифати оставката на Банон, завршувајќи турбулентни седум месеци за неговиот главен стратег, најновиот што се повлече од администрацијата на претседателот во време на превирања. Портпаролот на Белата куќа, Сара Хакаби Сандерс, изјави дека денес  ќе биде последниот ден на Банон на работното место.

    „Ние сме благодарни за неговата служба  и му посакуваме најдобро”, рече таа во изјавата со која се потврдува заминувањето на Банон.

    Борбен и неортодоксен републиканец, Банон беше клучен советник во општата предизборна кампања на Трамп, но тој беше спорно присуство во Белата куќа, поделена од завојуваните кадри. Поранешниот  директор на конзервативната медиумска куќа „Брајтбарт њуз“ го натера Трамп да ги иполни ветувањата од неговата предизборна кампања и беше човек зад многу од неговите најконтроверзни одлуки, вклучувајќи ја и забраната за влез на мигранти од 7 муслимански земји на Трамп и одлуката да се повлече од Парискиот климатски договор. Но, Банон постојано се судираше со други врвни советници во Белата куќа и честопати и со самиот претседател.

    Банон му ја понуди својата оставка на Трамп на 7 август, тврдат извори блиски до него. Оставката требаше да стапи на сила една недела подоцна, на 14 август, што беше една година од кога официјално се приклучи на претседателската кампања на Трамп. Потоа се одложи неколку дена по насилството во Шарлотсвил. Но, Банон беше на нестабилен терен со недели, а неговата позиција дојде во опасност кога новиот шеф на кабинетот на Трамп, Џон Кели, започна со лична ревизија на персоналот на Западното крило на Белата куќа. Кели им посочи на помошниците дека би можеле да дојдат значителни промени.

    Претседателот, исто така, постојано ја намалуваше улогата на Банон во неговата кампања во неодамнешните забелешки и одби да изрази доверба за време на импровизирана прес-конференција во вторникот.

    „Тој е добра личност. Тој всушност доби многу нефер притисок во тој поглед “, рече Трамп. „Но, ќе видиме што ќе се случи со г-дин Банон”, рече Трамп.

    Одлуката дали да се откаже од Банон е повеќе од само кадровска работа. Медиумскиот гуру се гледа во некои кругови како врската на Трамп со неговата база и заштитник на конзервативната агенда на Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира