Нападот со нож во финскиот град Турку во кој што двајца загинаа и осуммина се повредени се третира како терористички акт, соопшти финската полиција. Инцидентите беа првично истражувани како убиства, но по повеќе информации кои што беа откриени преку ноќта, сега се сметаат како убиства со намера за тероризам.
18-годишен марокански државјанин беше одведен во притвор по нападите, додаде полиција. Тој е повреден при приведувањето од властите и засега полицијата го нема откриено мотивот за нападот.
Нападот со нож се случи вчера помеѓу два блиски пазари во центарот на градот. Загинатите се од Финска, а еден Италијанец и двајца Швеѓани се помеѓу осумтемина повредени.