ВО СКОПЈЕ ОСУДЕН МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ЗА НАВРЕДА НА ЕРДОГАН

    ВО СКОПЈЕ ОСУДЕН МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ЗА НАВРЕДА НА ЕРДОГАНАко не ја плати паричната казна од 24.600 денари, осудениот Е.А. ќе мора да одлежи затворска казна. - Статуа на Ќосето пред Основниот суд Скопје 2; Турскиот претседател Ердоган

    Основниот суд Скопје го осуди македонскиот државјанин Е.А. на парична казна од 24.600 денари за навреда на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, објави агенцијата „Анадолу“. Во судскиот процес, покренат од страна на турската амбасадорка Тулин Еркал Кара, Е.А., кој има и турско државјанство, е прогласен за виновен бидејќи преку својот профил на социјална мрежа користел изјави со кои го нарушил угледот на турскиот претседател Ердоган.

    „Во одлуката се наведува дека обвинетиот во ноември 2016 година, преку својот профил на социјална мрежа ‘објавил иронични изјави и упатил навреди кон лидерот на една странска земја’“, пренесе турската агенција.
    Ако не ја плати парична казна, осудениот Е.А. ќе мора да одлежи затворска казна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира