СЕВЕРНА КОРЕЈА ЛАНСИРАШЕ РАКЕТА НАД ЈАПОНИЈА

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ЛАНСИРАШЕ РАКЕТА НАД ЈАПОНИЈАМинувач го гледа лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун на екран на железничката станица во Сеул, Јужна Кореја,- (Фото: АП)

    Северна Кореја лансирала неидентификуван проектил од главниот град Пјонгјанг кој ја надлетал Јапонија, објавија светските медиуми повикувајќи се на извори во Јужна Кореја и во Јапонија.

    Заедничкиот штаб на воените сили на Јужна Кореја и на САД во Сеул ја анализира ситуацијата и во прв момент се воздржа од коментар колку далеку отишол проектилот.

    Властите во Јапонија изјавија дека ракетата летала над северниот дел од јапонскиот остров Хокаидо и паднала во Пацификот. Нема извештаи за штети врз бродови. Јапонската телевизија ХНК ТВ објави дека ракетата се распаднала на три дела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира