Владата донесе одлука да се покрене постапка за декласификација на класифицираните информации и договори за доделување на државна помош, склучени помеѓу Македонија и странски инвеститори, соопшти Секторот за комуникации на Владата по денешната седница.
„Владата донесе одлука со која се задолжуваат Агенцијата за странски инвестиции и Техничко-развојните индустриски зони, како и сите останати министерства и државни органи, кои поседуваат ‘тајни’ информации и договори за државна помош, и тие да ги покренат постапките за достапност на овие информации и договори“, се вели во соопштението.
ВЛАДАТА ЌЕ ГО УКИНЕ ДИСКРЕЦИОНОТО ПРАВО ЗА ОДРЕДУВАЊЕ СУБВЕНЦИИ ЗА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ
Со одлуката на Владата, согласно Законот за класифицирани информации и соодветно на препораките на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, сите информации ќе станат јавни, како и договорите за доделување на државна помош со странските инвеститори. Генералниот секретаријат треба во рок од седум дена да остави листа на класифицирани информации и договори за државни субвенции на странските компании во земјата