Горан Пандев постигна гол на квалификациски натпревар по девет години и ѝ донесе победа од 1:0 на македонската фудбалска репрезентација на гостувањето против Израел.
Во Хаифа, напаѓачот на Џенова беше стрелец во 74.минута на асистенција на Елиф Елмас за втора победа на Македонија во квалификациите за Светското првенство во Русија следната година.
Со шест бода, Македонија е петта во својата квалификациска група и има три помалку од Израел на четвртата позиција по седум кола. Веќе во вторник играме на домашен терен против Албанија.