ПРАВОТО НА ОБРАЗОВАНИЕ Е ПОШИРОКО ОД БЕСПЛАТНИ УЧЕБНИЦИ И ПРЕВОЗ, ВЕЛИ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

    ПРАВОТО НА ОБРАЗОВАНИЕ Е ПОШИРОКО ОД БЕСПЛАТНИ УЧЕБНИЦИ И ПРЕВОЗ, ВЕЛИ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ„Потребно е да се создадат сите услови со цел училиштето да биде место каде што секое дете ќе добие квалитетно образование, исхрана, каде ќе се слушне неговиот глас во образованиот процес, преку негово активно учество во донесувањето одлуки, и во планирањето на бесплатни слободни активности“, вели Омбудсманот Иџет Мемети

    Правната гаранција на правото на бесплатно и задолжително основно и средно образование треба да се сфати многу пошироко од обезбедување на бесплатни учебници и бесплатен превоз за учениците, рече Народниот правобранител Иџет Мемети на почетокот на новата учебна година и ги повика директорите  на училиштата и наставниците да ги остваруваат целите на образованието преку поголемо доближување до детето, неговите права и потреби.

    „Потребно е многу повеќе со цел осигурување на ова право на детето на еднаква и рамноправна основа. Потребни се соодветни и современи училишта, пристапни и достапни училишните објекти, современо опремени училници, квалитетни наставни содржини, целосно екипирани стручни служби, наставен кадар кој тежнее кон почитување и остварување на правата на детето. Со еден збор потребно е да се создадат сите услови со цел училиштето да биде место каде што секое дете ќе добие квалитетно образование, исхрана, каде ќе се слушне неговиот глас во образованиот процес, преку негово активно учество во донесувањето одлуки, и во планирањето на бесплатни слободни активности“, вели Омбудсманот.

    Мемети апелира и возачите да возат внимателно во близина на училиштата и со посебно внимание да се однесуваат кон најмладите учесници во сообраќајот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира