ТЕУТА АРИФИ ПАК ВО ТРКАТА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА ТЕТОВО

    ТЕУТА АРИФИ ПАК ВО ТРКАТА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА ТЕТОВОАрифи денеска беше во обиколка на тетовските училишта по повод почетокот на новата учебна година (Фото: СДК.МК)

    Актуелната градоначалничка на Општина Тетово Теута Арифи најавува дека повторно ќе се кандидира за функцијатаи ќе ја побара довербата на тетовци. Таа денеска, при обиколката на тетовските училишта по повод почетокот на новата учебна година, изјави дека за ова прашање деновиве треба да се расправа во партијата.

    „Тоа е партиска работа и за тоа ќе се одлучи во партијата“, изјави Арифи, а на прашањето дали таа ќе  биде единствениот кандидат од редовите на ДУИ за градоначалник на Тетово, само кратко одговори „Така изгледа“.

    На Теута Арифи ѝ истекува првиот мандат, а нејзиното четири годишно управување со градот помина во решавање на двете најгорливи комунални проблеми, изградбата на новиот водовод и расчистувањето на дивата депонија на влезот во градот. Таа денеска најави дека расчитувањето на депонијата е пред крај, наскоро се очекува и да стартува пречистителната станица, а со тоа и новиот водовод да стане функционален.

    Другите политички партии во Тетово засега молчат и не соопштуваат кого ќе назначат во борбата за градоначалничкото место. Неофицијално дознаваме дека имало партиска средба помеѓу претставници на Беса и Алијансата за Албанците на Села за евентуален настап со заеднички кандидат, но преговорите не успеале.

    Ниту претставниците на македонските партии не ги соопштуваат своите кандидати, но со оглед на бројот на македонското гласачко тело во Тетово, можноста да се избере градоначалник Македонец е целосно неостварлива, па тие, како и досега, повеќе размислуваат кој кандидат на Албанците ќе го поддржат во вториот круг на гласањето каде решавачки се токму гласовите на избирачите Македонци.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира