ОПШТИНИТЕ СО КОМУНАЛНИОТ ФРЛААТ И ОПАСЕН МЕДИЦИНСКИ ОТПАД ДИРЕКТНО ВО ПРИРОДАТА, ПОКАЖА ИСТРАЖУВАЊЕТО НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

    ОПШТИНИТЕ СО КОМУНАЛНИОТ ФРЛААТ И ОПАСЕН МЕДИЦИНСКИ ОТПАД ДИРЕКТНО ВО ПРИРОДАТА, ПОКАЖА ИСТРАЖУВАЊЕТО НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

    Отпадот во Македонија се депонира на несоодветни и нерегулирани депонии, а при депонирањето се меша медицински и индустриски со комунален отпад. Ова го покажало истражувањето то лани го спровела канцеларијата на Народниот правобранител.

    Васка Бајрамовска, заменик на народниот правобранител реше дека макеоднското законодавство за управување и третман на отпадот е целосно хармонизирано со европското, а истраѓувањето покажало дека надлежните институции не ги спроведуваат овие законски норми, пред се за казнување на загадувачите на животната средина.

    „Депонирањето на отпадот според резултатите од истражувањето е под секакво ниво. Во многу општини отпадот се фрла на отворен простор, без никаков третман со што директно се загадува животната средина. Не се води сметка за тоа каков отпад се фрла, се меша опасен индустриски и медицински отпад со комунален отпад, што според законски норми е недозволиво. Иако медицинскиот отпад треба да се носи на Дрисла, каде се согорува, голем број од општините не го прават тоа. Неказнивоста, или отсуството на реакција на надлеќните институции, доведува до тоа да не се почитуваат законските норми“, вели Бајрамовска.
    Од 71 општини кои биле опфатени со истражувањето од канцеларијата на Народниот правобраните, само четири не дале податоци како го третираат отпадот.

    „На локални депонии отпадот го депонираат 42 општини, 14 општини го депонираат на регионални депонии, а 11 општини не користат ниту регионална ниту локална депонија. Повеќето имаат формирано јавни претпријатија кои го собираат отпадот од домаќинствата, но малку од нив имаат план и стратегија за управување со отпад. Само депонијата Дрисла, која е за скопскиот регион функционира по одредени стандарди и има интегрирана еколошка дозвола за работа. Но, и на оваа депонија се сеелектира само 18 отсто од отпадот“, вели Бајрамовска.

    Со националната стратегија за третман и управување со отпад, во Македонија треба да се изградат 8 регионални депонии каде според европски стандарди безбедно ќе се депонира отпадот. Иако рокот за нивно отворање истекува 2018 година, досега не е направена ниту една.

    „Се плашам дека овој рок ќе биде пробиен, бидејќи досега многу малку од регионите ги имаат почнато постаките за отворање регионални депонии. Интересно е дека имаат донесено планови за регионални депонии, но целокупната активност на општините од регионите се сведува на носење планови“, вели Бајрамовска.

    Таа рече дека со текот на годините се намалил и бројот на претсавки за заштита на животната средина што граѓаните ги поднеле до канцеларијата на Народниот правобранител.
    „Од 2008 до 2012 година бројот на претсавки е зголемен од 15 на 35, но лани добивме само 15 претставки и повеќето се за бучава“, вели Бајрамовска.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира