Владата ќе формира координативно тело за да контролира дали се спроведуваат мерките за претстојните локални избори бидат фер и демократски. Вакво тело најави премиерот Зоран Заев.
„Ќе се формира тело кое ќе следи дали се применуваат мерките предвидени во Планот 3-6-9 за изборите бидат слободни и демократски. Ветуваме нула толеранција за изборните измами, заплашување на администрацијата и други притисоци од страна на државните институции“, рече Заев на денешната конференција во организација на невладината организација „МОСТ“.
Тој потенцираше дека мора да се одвои државата од партијата, за што забелешки имаше во сите извештаи на ОБСЕ, како и во Пржинскиот договор.
„Нема веќе злоупотреба за лични, партиски, ниту за изборни цели. Администрацијата може да биде спокојна, без уцени, закани и притисоци“, рече Заев.
Евроамабасадорот Самуел Жбогар рече дека многу е важно ветувањето што го даде премиерот Зоран Заев дека ќе ја оддели државата од партијата.
„Најважно е политичките лидери и партии да ги спроведат кампањите без какви било заплашувања, како и да не се подгреваат меѓуетничките односи“, рече Жбогар.
Г. ТРПЕНОСКИ