ФЛОРИДА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА КАТАКЛИЗМА, УРАГАНОТ ИРМА УДРИ НА КУБА И СЕ ЗАСИЛИ

    ФЛОРИДА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА КАТАКЛИЗМА, УРАГАНОТ ИРМА УДРИ НА КУБА И СЕ ЗАСИЛИУраганот Ирма е најсилниот што ја погоди Куба во последните 100 години, а на Флорида е наредена евакуација на 5,6 милиони луѓе. (Фото: Ројтерс)

    Ураганот Ирма, кој се движи кон Флорида, повторно се засили во категоријата 5, откако удри во архипелаг на Куба, при што ветровите ја достигнаа максималната брзина од 235 километри на час. Во американската држава е наредена евакуација на 5,6 милиони луѓе, што е повеќе од четвртина од целото население.

    Се проценува дека од ураганот досега се погодени 1,2 милиони луѓе, додека бројот на загинатите на Кариби се зголеми на 23.

    Се проценува дека од ураганот досега се погодени 1,2 милиони луѓе, а бројот на загинатите на Кариби се зголеми на 23

    Ова е прв ураган со ваква силина што ја погоди Куба во последните 100 години.

    „Беше неверојатно моќен. Досега имам известувано за голем број урагани, но ништо не се споредува со Ирма“, призна новинарот на Си-Ен-Ен, Патрик Опман.

    Се очекува ураганот да удри во Флорида в недела, во утринските часови по локално време, и затоа е наредена евакуација на 5,6 милиони луѓе, една од најголемите во историјата на САД. Се предвидува дека целата држава ќе биде изложена на жестоки дождови и ветришта. Локалните власти предупредија дека никој нема да биде сигурен на архипелагот Флорида Киз, омилената туристичка дестинација на југот на Флорида.

    По Ирма, доаѓа ураганот Хосе, кој, почнувајќи од сабота, повторно ќе ги погоди Карибите (Фото: Ројтерс)

    По Ирма, настапува ураганот Хосе, кој, почнувајќи од сабота, повторно ќе ги погоди Карибите. Неговата силина, исто така, би можела да биде зголемена од четврта во петта категорија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира