ГРУЕВСКИ ПОБАРА УШТЕ 20 ТЕЛОХРАНИТЕЛИ, АМА ПРОЦЕНИВМЕ ДЕКА ДОСТА МУ СЕ 6, КАЖА МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ

    ГРУЕВСКИ ПОБАРА УШТЕ 20 ТЕЛОХРАНИТЕЛИ, АМА ПРОЦЕНИВМЕ ДЕКА ДОСТА МУ СЕ 6, КАЖА МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИПоранешните премиери имаат право на лично обезбедување од 6 лица во временски рок колку што биле на функцијата. - Оливер Спасовски; Никола Груевски (Фото: СДК.МК)

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека нема потреба поранешниот премиер Никола Груевски да добие дополнително обезбедување од уште 20 лица на денешната прес-конференција по повод 100-те дена Влада. Спасовки вели дека Груевски лично побарал плус 20-мина телохранители, но во МВР направиле проценка и утврдиле дека актуелното обезбедување од 6 телохранители е доволно за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Груевски лично побара обезбедување од плус 20 лица. Таа одлука ја носи министерот за внатрешни работи и јас можев така паушално да ја донесам веднаш, но тоа не е добро. Направивме проценки во БЈБ и УБК, анализирани се сите податоци и со оглед на тоа што неговото актуелно обезбедување од 6 лица до овој момент не пријавило никаква закана по него или по неговото семејство, нема никаква проценка дека треба да биде зголемен бројот на лица кои што го обезбедуваат“, одговори Спасовски на новинарско прашање.

    Според актуелното законско решение, поранешните премиери имаат право на лично обезбедување од 6 лица во временски рок колку што биле на функцијата. Груевски беше премиер од август 2006 до јануари 2016 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира