РАСКОЛОТ ВО ЕУ ПОМЕЃУ ИСТОКОТ И ЗАПАДОТ ГО ЗАБАВУВА ВЛЕЗОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ, РЕЧЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СЛОВЕНЕЧКОТО СОБРАНИЕ МИЛАН БРГЛЕЗ

    РАСКОЛОТ ВО ЕУ ПОМЕЃУ ИСТОКОТ И ЗАПАДОТ ГО ЗАБАВУВА ВЛЕЗОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ, РЕЧЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СЛОВЕНЕЧКОТО СОБРАНИЕ МИЛАН БРГЛЕЗПосетата на претседателот на Државниот збор на Словенија Милан Брглез е прва официјална посета на претседател на парламент во овој собраниски состав

    Во меѓународната заедница постојат чинители кои ги забавува евроитнтеграциите на Македонија, а Словенија се труди да ги забрза. Клучен фактор што го забавува евроинтеграцискиот процес на Македонија е расколот во Европската унија помеѓу Истокот и Западот. Тој е побитен од излегувањето на Велика Британија од ЕУ, рече Милан Брглез, претседател на Државниот збор на Словенија во обраќањето во Собранието. Посетата на Брглез е прва официјална посета на претседател на парламент во овој собраниски состав.
    Пред да зборува пред пратениците, претседателот на словенечкиот Парламент Милан Брглез имаше средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.

    Брглез ѝ се заблагодари на Македонија за справувањето со мигрантската криза.

    „Тоа што го направи Република Македонија за останатите држави на Балканскиот пат и за земјите од ЕУ заслужува целосно признание, а не вакво попречување какво што го чувствува сега. Словенија ќе стори сè да ви се врати вашиот евроатлански пат“, рече Брглез.

    Тој додаде дека економските односи се добри, но постојат многу неискористени можности и заедничко инвестирање во голем број економски области.

    Г. ТРПЕНОСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира