МАЈМУН ДОБИ АВТОРСКИ ПРАВА НА СЕЛФИ

    МАЈМУН ДОБИ АВТОРСКИ ПРАВА НА СЕЛФИФотографијата беше направена во 2011 година во индонезиска џунгла, кога мајмунот ја зел камерата од рацете на Слејтер (Фото: АП)

    Американскиот фотограф Дејвид Слејтер се нагоди со групата за заштита на животните ПЕТА, која пред две години покрена судска тужба, обидувајќи се да докаже дека сопственик на селфи-фотографијата, направена со неговиот фотоапарат, е мајмун.

    Согласно договорот, во наредните две години Слејтер ќе донира 25 проценти од евентуалната идна заработката од фотографијата во фондации за заштита на макаки мајмуните во Индонезија, соопштија адвокатите на групата.

    Спорната фотографија беше направена во 2011 година во индонезиска џунгла, кога мајмунот Наруто ја зел камерата од рацете на Слејтер.

    И додека американските судови пресудија дека мајмунот не може да биде сопственик на авторските права, ПЕТА сметаше поинаку, па покрена тужба во името на Наруто.

    „Овој случај покрена широка меѓународна дебата за потребата да се зголемат основните права на животните, за да се прекине со нивна експлоатација од страна на луѓето“, изјави адвокатот на ПЕТА, Џеф Кер.

    Слејтер во своја одбрана тврдеше дека тој вложил многу труд за да ја стекне довербата на мајмуните, а двете страни спореа и за идентитетот на мајмунот на фотографијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира