УАПСЕН 18-ГОДИШНИК ЗА БОМБАШКИОТ НАПАД ВО МЕТРОТО ВО ЛОНДОН

    УАПСЕН 18-ГОДИШНИК ЗА БОМБАШКИОТ НАПАД ВО МЕТРОТО ВО ЛОНДОНФорензичар го испитува вагонот каде што вчера експлодира бомба во Лондон, што британската полиција го смета за терористички напад (Фото: АП)

    Британската полиција утрово уапсила 18-годишно момче под сомнение за поврзаност со бомбашкиот напад кој вчера се случи во метро-станицата Парсонс грин, во југозападен Лондон. Идентитетот на момчето не е објавен, а полицијата неговото апсење го опиша како значајно, но се трага и по други осомничени.

    Момчето било уапсено во пристанишниот град Довер и е задржано во локалната полициска станица. Довер е главното пристаниште за фериботи меѓу Британија и Франција.

    „Имаме важно апсење во истрагата утрово. Иако сме задоволни од напредокот, продолжуваме со истрагатаа, нивото на опасност и понатаму останува критично“, изјави Нил Басу, координатор на антитерористичките единици на полицијата.

    Во детонацијата на импровизираната експлозива направа поставена во метрото повредени беа 29 лица. Нивото на тревога вчера беше кренато на „критично“, откако бомбата експлодираше за време на утринскиот шпиц во метрото. Премиерката Тереза Меј рече дека кревањето на нивото на највисок степен беше соодветен и разумен чекор. Полицијата ги повика граѓаните да бидат претпазливи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира