СЕДИШТЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ Е ПОД ХИПОТЕКА, ВО КОРИСТ НА ПАРТИЈАТА Е ДА БИДЕ ЗАМРЗНАТ ИМОТОТ, КАЖА РИСТОСКА ПРЕД ВРХОВНИОТ СУД

    СЕДИШТЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ Е ПОД ХИПОТЕКА, ВО КОРИСТ НА ПАРТИЈАТА Е ДА БИДЕ ЗАМРЗНАТ ИМОТОТ, КАЖА РИСТОСКА ПРЕД ВРХОВНИОТ СУДБарањето на СЈО за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ беше во рамки на случајот „Талир“. - Ленче Ристоска си заминува од Врховниот суд (Фото: СДК.МК)

    Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ кон крајот на декември 2016 година е ставено под хипотека, рече специјалната обвинителка Ленче Ристоска по денешната седница на Врховниот суд, на која што денеска се расправаше по барањето на СЈО да се преиспита одлуката на Кривичниот суд да не дозволи замрзнување на имотот на партијата, а кое што СЈО го бараше во рамки на истрагата за предметот „Талир“.

    Обвинителката Ристоска кажа дека пред петчлениот Кривичен совет на Врховниот суд денеска аргументирала дека во корист на политичката партија е да замрзне имотот и да се стави забрана за понатамошно отуѓување на имотот и предизвикување уште поголема штета, бидејќи овој имот е таргетиран како нелегално стекнат. Замрзнувањето или одземањето на имотот на ВМРО-ДПМНЕ би било само привремено, додаде Ристоска.

    СЈО не успеа да стигне да поднесе обвинение за случајот „Талир“ во кој што раководството на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со лидерот Никола Груевски, се сомничи за перење на 4,9 милиони евра прибавени на криминален начин. Ристоска се наврати на одлуките на Основниот суд Скопје 1, кој на вкупно на 12 барања за замрзнување на големиот имот на ВМРО-ДПМНЕ одговори негативно, по што СЈО, како што рече Ристоска, поради економичност на истрагата се ограни само на едно барање, за замрзнување само на седиштето на партијата, но и тоа Кривичниот суд го офрли, поради што следуваше поднесување ова барање до Врховниот суд.

    Ристоска потенцираше дека во одлуката на Кривичниот суд прекршени се повеќе закони, особено таа се коси со Законот за финансирање на политички партии, и тоа денес таа го аргументирала пред Кривичниот советот, предводен од претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира