Струмичани со пуштање разговори од бомбите на опозицијата и вечерва протестираа по улиците во централното градско подрачје. Бараа оставка од Претседателот Ѓорѓе Иванов и формирање експертска Влада која ќе подготви фер и слободни избори.
Струмичани порачаа дека со аболицијата се потврдило дека Македонија ја водат криминалци кои треба одговорат за сторените кривични дела, а парите да ги вратат кај народот.