ФРАНЦИЈА НЕМА ДА ОДИ НА ЗИМСКИТЕ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО ЈУЖНА КОРЕЈА АКО НЕ Е БЕЗБЕДНО

    ФРАНЦИЈА НЕМА ДА ОДИ НА ЗИМСКИТЕ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО ЈУЖНА КОРЕЈА АКО НЕ Е БЕЗБЕДНОФранција нема да ги става своите спортисти во опасност. - Министерката за спорт, Лора Флесел (Фото: Ројтерс)

    Франција е подготвена да не учествува на Зимските олимписки игри во 2018 година, што ќе се одржат во јужнокорејскиот град Пјеонгчанг, доколку продолжи кризата со севернокорејската нуклеарна програма, најави министерката за спорт, Лора Флесел.

    „Ако ситуацијата се влоши и никој не може да ни ја гарантира безбедноста, тогаш француските спортисти ќе си останат дома. Ние нема да го ставаме нашиот тим во опасност“, изјави Флесел за радиото РТЛ.

    Таа е првиот висок политичар кој јавно фрли сомнеж врз учеството на својата земја на Игрите во Пјеонгчанг, кој се наоѓа само 80 километри од силно чуваната граница со Северна Кореја.

    Ова доаѓа само неколку дена, откако претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, ги отфрли ставовите дека постојат безбедносни ризици околу ЗОИ.

    „Не постојат ни најмали навестувања дека постои закана по безбедноста на Игрите. Немаме план Б“, изјави Бах.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира