НИКОЛА ПОПОСКИ РЕЧЕ ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ ДОНЕСЕ ЗАКОН ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ, САМО НЕ НА ФУШЕРАЈСКИ НАЧИН, ТУНТЕВ ГО ПОФАЛИ

    НИКОЛА ПОПОСКИ РЕЧЕ ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ ДОНЕСЕ ЗАКОН ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ, САМО НЕ НА ФУШЕРАЈСКИ НАЧИН, ТУНТЕВ ГО ПОФАЛИКонструктивниот настап на Попоски за јазиците го следеа неговите сопартијци, и покрај тоа што продолжија со реплицирањето сами со себе. - Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски на денешната седница (Фото: принтскрин/Собраниски канал)

    Ни треба Закон за употреба на јазиците, затоа што треба таа интеграција во општеството на помалите заедници во општеството да се заврши, но не на ваков фушерајски начин, на каков што ова парламентарно мнозинство сака да го протне ова законко решение, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски и ексминистер за надворешн работи на денешното продолжение на собраниската седница за оваа точка.

    Конструктивниот настап на Попоски за јазиците го следеа неговите сопартијци, и покрај тоа што продолжија со реплицирањето сами со себе. Денеска за првпат изостана терминот „неуставен закон“, а Попоски во контрарепликите со сопартијците, рече дека исклучително е загрижен за поделбата во општеството, место кохезија едни со други, што би настанала со носењето на вака составен закон.

    „После се што слушнав од оваа говорница за Законот за употреба на јазиците гоподине Попоски, можам да ви кажам дека на човек просто да му е ќеф да ви реплицира. Би сакал да ви кажам дека од четирите причини што ги наметнавте, сакам да ви одговорам само на четвртата, бидејќи првите три се исти како тие поради кои парламентарното мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, донесе Закон за јазиците првин во 2008, а потоа во 2011 година. Имаме амандман 5 во Уставот, има Охридски договор, обврската знаеме, треба да се заврши“, беше репликата на координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев на Попоски.

    „Имам порака до сите 120 пратеници. Ние ќе излеземе одовде посилни, но ако направиме добар текст, а не како овој на 4 страни, со 14 печатни грешки и да направиме јазична политика која ќе не направи како држава многу поконкурентна, во економијата и во сите останати битни сегменти“, ја заврши Попоски дискусијата.

    Репликантите од ВМРО-ДПМНЕ, денеска до паузата во 14 часот, воопшто не зборуваа за петти теми како што беше праксата до ноќеска до 02.15 часот, до кога траеше претходното продолжение. Немаше обвинување за криминал, за федерализација на Македонија, за албанска платформа… Тие зборуваа дека во законот не треба да има предвидено глоби, бидејќи така тој е репресивен, а Лилјана Кузмановска рече дека никако не смеат пратениците да се поделат на пратеници „За“ и на пратеници „Против“ носење на Законот за јазиците.

    Илија Димовски, пак, праша што во ситуација како во Велес каде по македонската, втора доминантна заедница е бошњачката, трета турската, па дури четврта е албанската? Законот, предупреди Димовски, е дискриминаторски кон подоминантни заедници од албанската во оваа општина.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира