Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков и не му го врати пасошот, соопшти денеска Судот. Неговото барање судот го оцени како неосновано.
„Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на обвинетиот С.М. поднесено преку неговите бранители за укинување на мерките за претпазливост, на нејавна седница, донесе решение со кое: Барањето се одбива како неосновано“, се вели во соопштението.
Со оваа одлука на судот, остануваат во сила мерките на претпазливост – да се пријавува еднаш неделно во судот, како и привременото одземање на патната исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница.
На Мијалков му беше одземен пасошот на 2 јули на барање на Специјалното јавно обвинителство, како еден од обвинетите во случаите „Таргет“ и „Тврдина“, кои што се споени во еден предмет.
Вчера, Судот го одби и барањето на експремиерот Никола Груевски за враќање на пасошот. Груевски и Мијалков во барањата навеле декаа пасошите ги бараат оти им требале за службени патувања, надвор од земјата