ИЛОН МАСК ПЛАНИРА ДА ГРАДИ БАЗА НА МЕСЕЧИНАТА И ГРАД НА МАРС ВО 2022 ГОДИНА

    ИЛОН МАСК ПЛАНИРА ДА ГРАДИ БАЗА НА МЕСЕЧИНАТА И ГРАД НА МАРС ВО 2022 ГОДИНАПрвите луѓе би патувале на Марс во 2024 година. - Илон Маск на презентацијата на Аделејд (Фото: АФП)

    Илон Маск го објави својот амбициозен проект за изградба на база на Месечината и на град на Марс, што би требало да почне да се реализира за само пет години.

    Јужноафриканскиот милијардер го соопшти ова на презентацијата во Аделејд (Австралија), откривајќи дека наредната година ќе почне изградбата на потребните бродови за поддршка на мисијата, која би требала да ги прати луѓето на Марс уште во 2024 година.

    Неговата компанија „Спејсекс“ целосно ќе се фокусира на еден тип на ракетен систем, познат како БФР, кој би бил способен за меѓупланетарни летови и со голема брзина би можел да ги превезува луѓето на Земјата од еден до друг град.

    „На овој начин, големи дистанци би можеле да се поминуваат и за половина час. На пример, од Њујорк до Шангај би се патувало само 40 минути“, изјави Маск на Меѓународниот астронаутички конгрес.

    Она што во почеток би била мала населба на Марс, со тек на време ќе прерасне во град.

    Маск планира да го направи Марс убаво место за живеење (Фото: Спејсекс)

    „На Марс постепено ќе создаваме услови за живот, за да го направиме убаво место за живеење“, кажа Маск.

    Со изградбата на БФР ќе се почне за шест до девет месеци и таа ќе може да се користи повеќекратно, што драстично ќе ги намали трошоците во иднина. Освен што ќе лансира сателити и ќе врши достава за вселенските станици, ракетата, исто така, ќе превезува луѓе кон Марс и Месечина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира