„ВОДОВОД“ ЈА ИСКЛУЧИ ВОДАТА ВО СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ ЗА ДОЛГ ОД ПРЕД 5 ГОДИНИ

    „ВОДОВОД“ ЈА ИСКЛУЧИ ВОДАТА ВО СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ ЗА ДОЛГ ОД ПРЕД 5 ГОДИНИУтрово студентите останале без вода, поради долг направен од претходното раководство, за кој новиот в.д директор Атанас Бојаџиев најавил дека во наредниот период ќе биде подмирен.

    ЈП „Водовод и канализација“ кое е под надлежност на Град Скопје утрово им ја исклучи водата на студентските домови. Без никакво предупредување, како што вели в.д. директорот на Државен студентски дом „Скопје“ Атанас Бојчев, водата била исклучена за долг од пред 5 години, направен од претходното раководство.

    „Постапката на јавното претпријатие е без оправдување, со оглед на фактот што раководството на ‘Водовод и канализација’ веќе беа информирани дека за долгот кон нив, за сметките за вода, е веќе најдено решение. Долгот не е направен од новото раководство на домот. Напротив се работи за долг стар 5 години, направен од претходното раководство. Пет години не е платена фактура за вода и тоа изминативе години се толерирано. Новото раководство веднаш по назначувањето ги раздолжи тековните фактури, како што беше договорено“, вели директорот Бојчев.

    Бојчев вели дека на последната владина седница, во вторникот, на 26 септември, е донесена одлука да се обезбедат средства за целосно да се покрие долгот за вода на Државен студентскиот дом „Скопје“, кон „Водовод и канализација“. Останува како што вели директорот одлуката да се објави во Службен весник, по што средствата веднаш ќе бидат префрлени на сметката на „Водовод и канализација“.

    По интервенција на надлежните водата во студентските домови била пуштена попладнето. Од ЈП„Водовод и канализација“ не добивме одговор зошто им ја исклучиле водата на студентите и дали така поставувале и во изминатиот период пред промената на власта.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира