ОБАМА И ПРИНЦОТ ХАРИ ЗАЕДНО ГЛЕДАА КОШАРКАРСКИ МЕЧ ВО ИНВАЛИДСКИ КОЛИЧКИ

    ОБАМА И ПРИНЦОТ ХАРИ ЗАЕДНО ГЛЕДАА КОШАРКАРСКИ МЕЧ ВО ИНВАЛИДСКИ КОЛИЧКИОбама и принцот Хари првпат се запознаа пред две години (Фото: Ројтерс)

    Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, го изненади принцот Хари, кога му се придружи на претпоследниот ден од Спортските игри на воени ветерани, што се одржуваат во Торонто.

    Двајцата ги посетија американските кошаркари во инвалидски колички непосредно пред средбата со Франција, по што ја продолжија дружбата и на трибините. Таму ги дружеа и бившиот потпретседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил. Американците го добија мечот со 26:8.

    Кошарка во инвалидски колички како спорт се појави по Втората светска војна во Англија и денес има свое светско првенство и е дел од Параолимписките игри.

    Пред мечот, Обама, Хари и Џо Бајден им направија изненадувачка посета на американските кошаркари (Фото: Гети)

    Принцот Хари ги востанови Игрите во 2014 година, а ова издание го отвори заедно со првата дама на САД, Меланија Трамп, но уште поголемо внимание привлече неговата девојка, актерката Меган Маркл, со која првпат се појави на еден јавен настан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира