ПОЧИНА РОК ЛЕГЕНДАТА ТОМ ПЕТИ

    ПОЧИНА РОК ЛЕГЕНДАТА ТОМ ПЕТИПочина откако ја заврши турнејата по повод 40 години кариера. - Том Пети (Фото: Гети)

    Легендарниот рок музичар Том Пети почина од срцев удар на 66-годишна возраст.

    Тој бил пронајден во бессознание во својот дом во Малибу, објави сајтот ТМЗ, по што бил ставен на апарати за одржување во живот во болницата во Санта Моника, но набргу потоа бил прогласен за мртов.

    Пети се појави на музичката сцена во 70-ите години, предводејќи го својот бенд „Хартбрејкерс“. Тие беа примени во Рокенрол куќата на славните во 2002 година.

    Бендот го издаде првиот албум во 1976 година и потоа продолжи непрекинато да настапува во наредните четири децении. Пети го одржа последниот концерт минатиот понеделник, како финале на турнејата, со која одбележуваше 40 години кариера.

    Во 80-ите години, Пети формираше и супергрупа „Тревелинг Вилбурис“, во која уште членуваа Џорџ Харисон, Боб Дилан и Рој Орбисон.

    Севкупно во кариерата има издадено 20 албуми и добиено три Греми награди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира