ПИКЕ, ОДИ СИ ОД РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА, ИЗВИКУВАА ШПАНСКИТЕ НАВИВАЧИ НА ТРЕНИНГОТ НА НАЦИОНАЛНИОТ ТИМ

    ПИКЕ, ОДИ СИ ОД РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА, ИЗВИКУВАА ШПАНСКИТЕ НАВИВАЧИ НА ТРЕНИНГОТ НА НАЦИОНАЛНИОТ ТИМПрвиот тренинг беше прекинат по само 23 минути поради напнатата атмосфера. (Фото: Ројтерс)

    Жерард Пике со свирежи и навреди беше дочекан од навивачите на првиот тренинг на шпанската фудбалска репрезентација, која имаше непријатен старт на подготовките за последните две средби од квалификациите за СП 2018 во Русија.

    Навивачите му порачаа да си оди од репрезентацијата, откако тој само 24 часа порано излезе на референдумот за независност на Каталонија и потоа самиот најави дека ќе се повлече, доколку неговите ставови им пречат на луѓето од Шпанската фудбалска федерација.

    „Пике, Шпанија е твоја земја, оди си од националнот тим“, извикуваа навивачите, проследено со низа пцости и навреди.

    Обезбедувањето одзеде неколку транспаренти со пораки против Пике, кон кого беа фрлани и тврди предмети.

    „Пике не заслужува да биде во шпанскиот тим. Ми го зедоа транспарентот, иако само кажав што мислам. Тој не требаше да дојде“, изјави еден навивач.

    Поради напнатата атмосфера, првиот тренинг беше прекинат по само 23 минути.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира