ШПАНЦИТЕ ИЗЛЕГОА НА УЛИЦА, БАРАЈЌИ ДИЈАЛОГ И СОЖИВОТ

    ШПАНЦИТЕ ИЗЛЕГОА НА УЛИЦА, БАРАЈЌИ ДИЈАЛОГ И СОЖИВОТМирниот протест се одржа во 50-ина градови низ Шпанија (Фото: Ројтерс)

    Илјадници луѓе излегоа на улиците на Мадрид и Барселона во знак на поддршка на единствена Шпанија, како што Каталонија се подготвува да прогласи независност.

    Во неделата, околу 40% Каталонци излегоа на референдумот, проследен со крвави судири со полицијата и регионалната власт најави дека в понеделник еднострано ќе прогласи отцепување од Шпанија. Според Мадрид, овој потег е нелегален, согласно уставот на земјата од 1978 година.

    Мирниот протест се одржа во 50-ина градови и учесниците носеа бело и повикаа на мир, дијалог и соживот, критикувајќи ги политичките лидери што не најдоа дипломатско решение.

    „Ова предизвика социјален раскол во Каталонија и мора да се реши со дијалог, а не со едностраност. Многу сум загрижен. Ако нема дијалог, ова ќе заврши лошо по сите“, изјави 61-годишниот Хосе Мануел Гарсија.

    Некои држави од Европска Унија изразија загриженост дека потегот на Каталонија би можел да оживее сецесионистички чувства и во други делови од континентот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира