СЛИКА ОД ХИТЛЕР ОШТЕТЕНА СО ШТРАФЦИГЕР НА ИЗЛОЖБА НА ТЕМА ЛУДИЛО

    СЛИКА ОД ХИТЛЕР ОШТЕТЕНА СО ШТРАФЦИГЕР НА ИЗЛОЖБА НА ТЕМА ЛУДИЛОДелото на Хитлер, неименувано масло на платно, не било подобро заштитено, затоа што има мала уметничка вредност

    Маж во 40-ти години се обидел да уништи слика од Адолф Хитлер, изложена во музејот во италијанскиот град Зало, во рамките на турнејата „Музеј на лудилото“.

    Како што изјави портпаролот на музејот, тој пцуејќи почнал да ја сече сликата со штрафцигер, но обезбедувањето го спречило целосно да ја уништи. Мажот потоа избегал од музејот и сопственикот на сликата, приватен колекционер од Германија, изјавил дека нема да покрене тужба, затоа што на неа нема големи оштетувања.

    Од музејот појаснија дека мрачното дело на Хитлер, инаку неименувано масло на платно, не е подобро заштитено, затоа што има мала уметничка вредност, во споредба со оние на Френсис Бејкон и на Франсиско Гоја, што, исто така, се дел од изложбата.

    Хитлер неуспешно се обидел да се запише на уметничката академија во Виена, од каде што двапати бил одбиен во почетокот на 20. век.

    Ова е првпат некое негово дело да е изложено јавно.

    Јас го нарекувам делото на Хитлер ‘слика на очајот‘. Ме потсетува на Франц Кафка. Во неа може да се види само мизерија“, вели кураторот на изложбата, Виторио Згарби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира