ПРАВДАТА ЌЕ БИДЕ ЗАДОВОЛЕНА КОГА ЌЕ ОДГОВАРААТ ТИЕ КОИ ГИ ОРГАНИЗИРАА, ПЛАТИЈА И ИМ ГИ ОТВОРИЈА ВРАТИТЕ НА НАСИЛНИЦИТЕ ВО СОБРАНИЕТО, КАЖА ШЕКЕРИНСКА

    ПРАВДАТА ЌЕ БИДЕ ЗАДОВОЛЕНА КОГА ЌЕ ОДГОВАРААТ ТИЕ КОИ ГИ ОРГАНИЗИРАА, ПЛАТИЈА И ИМ ГИ ОТВОРИЈА ВРАТИТЕ НА НАСИЛНИЦИТЕ ВО СОБРАНИЕТО, КАЖА ШЕКЕРИНСКА„Во таа сала беа присутни повеќе насилници, некои и поопасни“, вели Шекеринска за 27 април.(Фото: СДК.МК)

    За министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, најважно е да не се повторат настаните од 27 април годинава од Собранието на Република Македонија, откако денеска нејзиниот напаѓач доби четири години затвор во Основниот суд Скопје 1. Таа вели дека процесот не запира тука и уште поважно е да бидат казнети тие кои ги организираа, платија, им ги отворија вратите на насилниците.

    „За мене беше важно да се казни насилството и да се испрати пораката во оваа наша Македонија, дека насилството се казнува и ниту едно не смее да помине туку така, неказнето. Тие денови бевме помеѓу животот и смртта. Нашите домашни, семејствата не знаеја дали ќе се вратиме од работа живи или не. Јас не сум судија, не барав одмазда, барав правда. За мене клучна беше одлуката на Судот дека насилството мора да биде казнето. Просецот тука не запира. Во таа сала беа присутни повеќе насилници, некои и поопасни. Најважно од се, правдата нема да биде задоволена ако тие кои ги организираа, платија, им ги отворија вратите на насилниците не одговараат. Само така ќе ја пратиме пораките дека ова не смее да се повтори во Македонија“, рече Шеќеринска при престојот во Велес, одговарајќи на новинарското прашање. .

    Панче Ангелов, кој ја кубеше и ја повреди министерката за одбрана Радмила Шеќеринска за време на крвавите насилства во Собранието на 27 април, доби затворска казна во траење од четири години.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира