АДРИЈАНО ЈА ПОБЕДИ ДЕПРЕСИЈАТА И МУ СЕ ВРАЌА НА ФУДБАЛОТ

    АДРИЈАНО ЈА ПОБЕДИ ДЕПРЕСИЈАТА И МУ СЕ ВРАЌА НА ФУДБАЛОТТребаше да биде новиот Роналдо, но носеше лоши животни одлуки. - Адријано (Фото: АП)

    Поранешната ѕвезда на Бразил и на милански Интер, Адријано, објави дека му се враќа на фудбалот на 35-годишна возраст.

    Своевремено најавуван како наследник на Роналдо, Адријано постигна 29 гола во 50 настапи за Бразил, но скандалозното однесување надвор од терените, што вклучува и дружење со криминалци, и борбата со депресијата го спречија во остварувањето на очекуваната кариера.

    Популарниот Император беше без клуб од минатата година, кога му заврши краткиот ангажман во Мајами и сега најавува враќање на терените, бидејќи, како што тврди, ја повратил физичката подготвеност.

    „Се подготвувам за нов проект. Од јануари повторно ќе тренирам, без клуб. Успеав да се вратам во форма. Го сакам ова и знам дека можам да успеам. Чувствувам дека мојата кариера не е заокружена. Нешто ме одвлече од фудбалот и можам да кажам дека мојата кариера беше прекината на полувремето“, изјави Адријано во интервјуто за телевизијата „Глобо“.

    Адријано постигна 48 гола за Интер, но од 2010 година неговата кариера тргна по надолна линија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира