ДО 17 ЧАСОТ ИЗЛЕЗНОСТА Е 49,14 ОТСТО

    ДО 17 ЧАСОТ ИЗЛЕЗНОСТА Е 49,14 ОТСТОНа ниво на Град Скопје излезноста два часа пред затворање на гласачките места е 50,58 отсто. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Излезноста на гласачите денешните локални избори на нино на цела земја до 17 часот е 49,14 отсто, кажа портпаролката на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска на третата прес-конференција во седиштето на ДИК.

    На ниво на Град Скопје, пак, излезноста два часа пред затворање на гласачките места е 50,58 отсто.

    Во Аеродром одизивот на гласачите е 55,83 отсто, во Битола – 50,39 отсто, во Бутел – 49,59 проценти, во Велес – 51,26 отсто, во Гази Баба излезноста е 58,02 отсто, во Карпош – 57,68 отсто, во Кисела Вода – 53,09 проценти, во Куманово излегле да гласаат 42,42 отсто од граѓаните, во Охрид – 52,95 проценти, во Струмица гласале 51,13 отсто од запишаните гласачи, во Тетово – 39,28 проценти, во скопски Центар – 56,11 отсто, во Чаир – 43,02 отсто, во Шуто Оризари излегле 33,8 отсто од гласачите, а во Штип – 57,01 отсто.

    Од ДИК информираат дека највисока излезност на ниво на Македонија има во општина Вевчани, каде до 17 часот излегле да гласаат 72,05 отсто од запишаните избирачи, а најнизок одзив има во Маврово-Ростуше, каде на гласачките места се појавиле 31,19 проценти од гласачите.

    На предвремните парламентарни избори на 11 декември минатата година до 17 часот гласаа 60,42 отсто од гласачите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира