Кандидатот на СДСМ, д-р Коста Јаневски, е новиот градоначалник на Струмица.
Тој прогласи победа над својот ривал од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Марјан Бајрактаров, со повеќе од 4.000 гласови разлика. Според првичните информации, коалицијата предводена од СДСМ го доби мнозинството и во Советот, најверојатно, со 14 членови од вкупно 23.
„Ви благодарам за поддршката. Ова е огромна победа за мене, но и огромна обврска да работам за подобар живот за сите во Општина Струмица“, кусо рече во своето прво обраќање новиот градоначалник на Струмица, Коста Јаневски.
СДСМ победи и во струмичките општини Василево, Босилово и Ново Село, каде што нови градоначалници се Марјан Јанев, Зоран Зимбаков и Боро Стојчев.
Во првиот изборен круг, победа однесоа и кандидатите на СДСМ во Валандово, Перо Костадинов, во Дојран – Анго Ангов и во Богданци – Блажо Шапов, а победа прогласија и нејзините кандидати во Гевгелија Сашко Поцков и во Радовиш Герасим Конзулов.
В. ТРАЈКОВ