„Фамилија“ на венецуелскиот дебитант Густаво Рондон Кордова, што победи на годинашниот фестивал Киненова Скопје, вечерва ја отвора првата ревија на венецуелски филм, во Кинотеката на Македонија во 20 часот.
Ревијата ќе трае до 29 октомври, ја организираат Киненова и амбасадата на Боливарска Република Венецуела во Бугарија, а ќе играат 5 играни и еден анимиран филм од најновата венецуелска продукција.
Иако „Фамилија“ е веќе прикажан на неколку големи светски филмски фестивали, како Кан и Сан Себастијан, првата главна награда ја доби токму на Киненова 2017.