Елтон Џон следниот месец ќе добие награда од Универзитетот Харвард, за неговите филнатропски заложби за борба против ХИВ и СИДА.
Фондацијата за СИДА на Елтон Џон објави дека 70 годишниот пејач ќе ја добие хуманитарната награда за 2017 година од фондацијата „Питер Џ.Гомес“ на Харвард, на 6-ти ноември.
Претходни добитници на оваа награда се: архибискупот Дезмонд Туту, генералните секретари на Обединетите нации: Бан Ки-мун, Кофи Анан, Бутрос-Бутрос Гали и Хавиер Перез де Куелјар.
Џон вели дека останува посветен „да го задржат и зголемат прогресот што го направиле за да ја искоренат стигмата и да се стави крај на ширењето на ХИВ еднаш засекогаш“.