Со црвен тепих Општина Битола денес ја дочека новата градоначалничка Наташа Петровска. На тепихот ја поздрави досегашниот шеф на градоначалничкиот кабинет Ѓуро Илиќ, а во ходниците од Општината излегоа вработените да ја поздрават.
Во кабинетот ја дочека ексградоначалникот Владимир Талески кој ѝпосака добредојде и успех, а таа му одговори „важно е да бидеме со добра мисла“.
Тепихот поставен на примопредавањето Општината го користеше по втор пат, првиот беше кога Општината ја посети поранешниот претседател на Хрватска, Стипе Месиќ.
Талески рече дека ова е историски момент за Општина Битола зашто за првпат добива градоначалничка и прв човек на Општината со толку голем број освоени гласови (над 31.000). Додаде дека Битола наоѓа повторно сили и капацитет за демократија, а на Петровска ѝпосака да биде градоначалничка на сите граѓани. На крај ѝго подариклучот на Општината.
Петровска изјави дека ќе ја искористи цела енергија и знаење за посветено да работи во интерес на Битола.
Ж. ЗДРАВКОВСКА