БОЧВАРСКИ ГО ПОБЕДИ ЗАХАРИЕВ ВО ШТИП

    БОЧВАРСКИ ГО ПОБЕДИ ЗАХАРИЕВ ВО ШТИПБлагој Бочварски од СДСМ најави дека нема да прави поделби по партиска основа и дека ќе работи за подобрување на живот во Штип (ФОТО: Фејсбук)

    Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип Благој Бочварски го победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник Илчо Захариев.

    Бочварски вечерва на својот Фејсбук профил ја објави победата.

    „Победа. Штип е слободен. Ајде сите на плоштад“, напиша Бочварски.

    Тој најави дека нема да прави поделби по партиска основа и дека ќе работи за подобрување на живот во Штип.

    Според податоците на ДИК од 67 отсто обработени податоци Бочварски има освоено 3.518 гласа, а Захариев 3,027.

    Во првиот круг на локалните избори во Штип водство имаше Захариев од 36 гласа пред Бочварски.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира