Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ побараа Никола Груевски веднаш да си поднесе оставка од лидер на партијата. Како што кажаа на прес конференција Груевски е виновен за катастрофалниот пораз на изборите и упатија до него 5 барања.
„Груевски, бидете маж и преземете ја одговорноста. Веднаш поднесете оставка од функцијата и дозволете на слободен и демократски конгрес да се избере нов лидер на партијата. Бараме да се формира управувачки комитет, на чело со човек кој ќе обединува и ќе го организира конгресот”, рече Петар Богоевски.
Богоевски рече дека резултатите на локалните избори кои Груевски вчера рече дека не ги признава се реалност и мора да се прифатат.
“Не знам зошто Груевски бара предвремени парламентарни избори. Зар сака да ги изгуби и големиот број пратеници кои ВМРО-ДПМНЕ ги има во Собранието? Зар сака да ја дефакторизира партијата и во парламентот?”, додаде Богоевски.
А. АНТЕВСКА